Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на градот Сеферихисар во Турција, во западната провинција Измир, известува „Дејли Сабах”.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море, на длабочина од 16,5 километри, но се почувствувал насекаде низ Измир и во делови од Истанбул, а и во Грција. Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека има известување за рушење на згради во делови од Измир, а во околните провинции се пријавени и други помали штети.
Спасувачките екипи во Измир пребаруваат низ урнатините на паднатите згради трагајќи по преживеани од силниот земјотрес.
Бројот на жртвите од земјотресот, кој го погоди и грчкиот остров Самос, се искачи на 27, а има и над 800 повредени.
Операцијата за извлекување луѓе од урнатините во Измир е деликатна затоа што земјата ја погодија и стотици последователни потреси.
Плиткиот тремор предизвика бранови што ги погодија крајбрежните области и острови во Турција и во Грција.

Останати вести