Победник на годинешниот Мелбурн куп е “PRINCE OF PENZANCE” кој го јаваше Мишел Пејн, со што испиша историја станувајќи прва жена џокеј што ја има освоено оваа голема награда во 155 годишната традиција.
Спектаклот популарно наречен “Трката што ја запира нацијата”, без конкуренција со најголема награда во светот, секогаш започнува во 15 часот по мелбурншко време првиот вторник во месец ноември, и на него се натпреваруваат коњи стари од три години нагоре. Патеката што се истрчува за Мелбурн куп е долга 3,200 метри, а наградата за победникот оваа година изнесуваше 6,2 милиони долари.
По традиција денот беше спој на коњски трки и прикажување на модни екстраваганции. Забележителна беше и телевизиската презентација на Македонката од Перт Снежана Марковски, победничка во популарното реално шоу „Ерген” (The Bachelor), и Сем Вуд, бизнисмен од Мелбурн.
Атрактивната Снежана Маркоски веќе е ѕвезда во австралиските медиуми, а папараците не пропуштаат да ја следат во секој чекор

