Женски фудбал: Австралија – Нов Зеланд 1:1

Во заршните подготовки женската фудбалска репрезентација на Австралија, во вторникот, во Мелбурн играше нерешено со Нов Зеланд 1:1.

Капитенката Лиса Де Вана со извонреден удар од далечина го изедначи резултатот и водството на гостите што го постигна Кејти Бовен.
Последен пат Нов Зеланд има славено победа на “матилдите” во 1994 година.
Австралиските моми во изминатите осум натпревари немаат доживеано пораз, и сега имаат одмор до јули кога започнуваат подготовките за Олимпијадата во Бразил. Првиот настап ќе биде на 3 август против Канада.

Останати вести