Тип на женско тело кое ги привлекува мажите од прва

Иако женските облини во последните неколку години доживуваат вистинска „ренесанса” па поради тоа жените со облини се се повеќе застапени во медиумите, науката тврди дека мажите на прв поглед сепак ги привлекува друг тип на телото.

Студијата објавена во научниот дневник „PeerJ” фрла ново светло на тврдењата дека жените со облини генерално им се попривлечни на мажите отколку оние послабите.
– Многу припадници на машкиот пол од прва паѓаат на послаб тип на женски тела бидејќи ги доживуваат како поздрави, а витките тела ги поврзуваат со плодноста – велат стручњаците кои го правеле ова истражување.
Истражувањето спроведено на повеќе од 1.300 испитаници од 10 земји утврдило дека многумина припадници од машкиот пол веднаш паѓаат на послаби девојки и жени.
Станува збор за потсвесно еволуциско доживување на женското тело, а како пример за жени со таа фигура, научниците ја издвоиле манекенката Кејт Мос, и нејзината фигура во периодот во 1990-тите години. Станува збор за мала предрасуда бидејќи вишокот на килограми нужно не значи дека личноста е нездрава, а исто така слабиот изглед не гарантира добро здравје, особено ако е „производ” на лоша и небалансирана исхрана.
Друго истражување, пак, покажало дека многу мажи не можат да и одолеат на фигурата песочен часовник и дека повеќе ги забележуваат жените со таков тип на тело, отколку цртите на лицето или големината на градите.

Останати вести