Австралиската влада има намера да ја разбие терористичката активност со нови одредби на законот, кои вклучуваат продолжен престој во затвор за екстремистите кои се противат на рехабилитација.
Федералната и државните влади заеднички соработуваат за донесување заштитни мерките, како што се одредбите за контрола на осомничени престапници на возраст до 14 до 17 години. Телата за борба против терористите со засилени мерките на претпазливост против „самостојните напаѓачи” како и за оние кои се одговорни за делата неодамна направени во Франција и Германија. Прајминистерот Малком Трнбол прикажа предлози за кои вели дека ќе бидат „пропорционални” и дека ќе се оди во чекор доколку се зголеми заканата од тероризам во Австралија.
Ова е олеснување за јавноста во моменти кога одредени личности што продаваат страв и бараат остри мерки како и целосна забрана за имиграција на сите муслимани. Ниту една влада не може да даде целосна гаранција за сигурност од напад, тоа го потврдуваат околу 750 лица загина во околку 40 напади на запад или напади против западните интереси. Трнбол изјави дека мерките кои ги најави имаат цел да се „оневозможи тероризам, да се спречи и да се обезбеди дека нацијата и нашите луѓе се сигурни и на Австралиците тоа им дава чувство на сигурност и дека можат и треба да продолжат со секојдневниот живот”. Владата се надева дека законодавството ќе биде подготвено „во раните денови на новиот парламент”. Мерките вклучуваат продолжен престој во затвор на осудени за тероризам кои на крај на одредената казна затвор покажале дека не се успешно рехабилитирани. Првите пресуди на кои ова ќе се примени нема да се завршат пред ноември 2019 година. „Една од предностите на продолжување на затворските казни по истекот на првобитната казна е што тоа е силна мотивација за луѓето кои не се во затвор, да не учествуваат во понатамошна радикализација или повторување на злите намери” – рече државниот адвокат Џорџ Брандис. „Возраста за казнена одговорност е над 18 години во сите држави и поради тоа одлучивме да воведеме посебен режим за контрола на млади на возраст од 14-17 години”.