Новите згради се безбедносна закана

Дали опседнатоста на Мелбурн со згради ќе го претвори градот во темпирана бомба? Мелбурн во следните неколку години би можел да има повеќе небодери од Хонг Конг, Њујорк и Токио, што градот би можело да го претвори во темпирана бомба.

Експертите за просторно планирање се загрижени дека зградите и високата густина на населеност можат да резултираат со пренатрупаност во центарот на Мелбурн, што овој град во иднина би го довело до состојба која е невозможно да се поправи. Според последните проценки, бројот на луѓе кои живеат во Викторија ќе порасне на 10 милиони до 2051 година. Зголемувањето на бројот на новородени, долгиот животен век и миграциите, ја прават Викторија најбрзо растечка држава во Австралија, се наведува во извештајот за иднината кој го објави владата. До 2051 година ќе биде потребно да се изградат дополнителни 2,2 милиони станови за да може Викторија да ги прифати сите свои граѓани. Во центарот на Мелбурн има се повеќе згради и експерите предупредуваат дека градот би можел да почне да се руши. Владата на Викторија очајно се обидува да го сопре градењето со воведување нови правила, според кои некои веќе планирани градежни инвестиции би биле одложени доколку земјиштето на кое планира да се гради е премногу мало или градбите се премногу високи. Но, можеби е веќе предоцна за нови правила бидејќи експертите својата загриженост ја изразија пред повеќе од една година. Leanne Hodyl, експерт за просторно уредување од Советот на град Мелбурн, во 2015 година објави извештај во кој се наведува дека зградите се градат четири пати побрзо отколку во други густо населени градови во светот.
„Ова е можно од причина што политиката за регулација за носење одлуки за градење висококатници во центарот на Мелбурн, е слаба, неделотворна или непостоечка. Тоа им овозможува одобрување за градба на тесни простори меѓу згради со многу малку внимание околу тоа како тоа ќе влијае на сегашните жители на градот, на улиците на кои се наоѓаат и на вредноста на околните недвижности” – изјавила таа.
Мелбурн е најубав град за живеење во светот, но неговиот статус би можел да се промени, поради се поголемиот број висококатници во неговиот центар. Иако градот има корист од што поголем број станови и комерцијални згради, г-ѓата Hodyl изјави дека екстремната густина на населеност може во иднина да донесе сериозни последици.
„Таа ќе создаде станови со лош квалитет, домови кои немаат дневна светлина, воздух, ниту пак убав поглед и ќе го намали квалитетот на улиците и парковите, не дозволувајќи продор на сончевата светлина, со што ќе се зголемат ветровите и ќе се покрие погледот кон небото. Квалитетот на овие јавни површини е клучен, уште повеќе поради тоа што жителите излегуваат од своите мали станови на улиците и парковите на градот и ги користат како „дневна соба”” – изјавила таа.
Владата основа Совет за планирање кој би требало да ги прегледува поднесените предлози за промена на законот за градба, така што градењето во иднина би било контролирано, за да се сопре движењето на градот кон состојба на катастрофа. Резултатите од работата на Советот ќе бидат познати во септември. Неодамна дизајнерот на урбаниот простор на градот Мелбурн, Robert Adams, за Fairfax media, рекол дека не е предоцна да се зачува квалитетот на Мелбурн, но исто така изјавил оти за таа цел е потребно итно да се донесат нови закони.
„Доколку не успееме да воведеме контрола, квалитетот на целиот град, постепено ќе падне и на крај ќе ја прокоцкаме вредноста која ја градиме 180 години. Сега е вистинско време да се воведе контрола. Ако го одложиме за подоцна, градот би можел да се доведе во состојба од која нема враќање. Постои ризик дека секоја градба која би се изградила во центарот на Мелбурн, градот да го направи полош” – изјавил тој.
Секоја таква градба, градот би го направила полош за живот, отколку што е денес. Планираниот развој на јужниот брег во центарот на Мелбурн е еден од примерите како тоа Градот го прави на погрешен начин. Планирано е да се изгради комплекс од шест кули, од кои четири би биле стамбени, а другите би биле хотел, зграда со канцеларии и простор за трговија. Експерите за просторно планирање, изјавиле дека сето ова е погрешно.

Останати вести