Жаклина Михајлова – добитник на Наградата „Стојан Христов“

На светската поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата”, свечено беше доделена Наградата „Стојан Христов” за најдобра поетска книга на автор кој живее надвор од Македонија и кој твори на македонски јазик.

Годинашен добитник на оваа Награда е авторката Жаклина Михајлова од Сиднеј за стихозбирката „Руен”.
По доделувањето на Наградата, Михајлова се огласи и ја изрази својата благодарност:
„Задоволство е да се добие оваа Награда. Ви благодарам на сите за вниманието што и го посветивте на мојата збирка песни „Руен” и Ви благодарам за Наградата. Благодарам на Агенцијата на Иселеници што со оваа Награда овозможува постојано да гори пламенот на животот во поетските македонски души низ светот. Најискрено им благодарам на Организаторите на Струшките вечери на поезијата, како и на членовите на жири комисијата , која одлучи да ми се додели Наградата „Стојан Христов”, токму за стихозбирката „Руен”, стихозбирка која е целосно посветена на македонскиот јазик, на неговата древност, убавина и совршеност.
Во утробата на нашата Македонија се крие тајната ни за јазикот, т.е. за нашето постоење. Пронајдените артефакти во Македонија сведочат дека нашите предци и читале и пишувале и си го ценеле јазикот од дамнина. Неопходноста од негување и величење на нашиот јазик ни е завет кодиран во гените!”

Останати вести