Во теорија се верува дека доколку јадеме помалку и нашиот желудник се намалува, па тогаш и помалку сме гладни. Го запираме процесот на дебелеење и живееме лесен живот.
Звучи идеално додека не дознаете колку малку, всушност, некој би требало да јаде за да постигне такво дејство. Истражувањата покажале дека, доколку луѓето со прекумерна тежина сакаат да го намалат желудникот за 75 отсто, мора да јадат само 600 калории дневно.
– Плус, дури и да успеете да го намалите обемот на желудникот, тоа не значи дека ќе го намалите чувството на глад”, вели калифорнискиот гастроентеролог Џејмс Џ. Ли. Лепинот и грелинот, хемиски соединенија, хормони, се одговорни за создавање на чувството на глад. Кога ќе се намали количината на храна што ја внесуваме во организмот, расте производството на грелин и лепин. „Тоа значи, колку е желудникот помал, толку гладот е поголем – појаснува Ли.
Слабеењето со прегладнување е најлошото нешто што можете да му го направите на своето тело. Не само што не е здраво, туку не е ни делотворно. Дури половина од луѓето кои со изгладнување се обидуваат да ослабнат, се враќаат на претходната тежина или уште дополнително се здебелуваат.
„Капацитетот на желудникот не е најважното прашање кога станува збор за слабеењето”, додава Ли и истакнува дека вишокот килограми можат да се изгубат со воспоставување контрола над работата на грелинот и лепинот.
Храната богата со влакна и протеини го постигнува токму тоа, хромонален баланс со кој се намалува гладот, а се зголемува трошењето на калории.
– Поголем број на помали оброци и најмалку седум часа сон дневно се основа за правилна работа на хормоните кои го регулираат гладот – порачува гастроентерологот.