Жени на Власт

Турнејата на „Солзи и Смеа”, популарните комичари од Битола, започна со првиот настап во петокот во Волонгонг. Публиката извонредно ја прифати нивната хумористична претстава „Жени на власт”.

После многу смеење организаторите имаа непрестајна забава со пеење и играње од популарните пеачи Татјана Лазаревска и Новица Василевски.
Вечерта беше и роденден на музичката ѕвезда Татјана која доби роденденска торта со нејзиниот лик.
Солза и Смеа ги исполнија сите очекувања од публиката и во Сиднеј, големи честитки до организаторите. Во саботата имаше успешен настап на групата во преполната сал на Sutherland Entertaiment Centre. Со нетрпение ги чекаме сега в петок и сабота на двете претстави во театарот во Саут Моранг.

Останати вести