Половина милион Французи на жестоки протести против новиот закон за работни односи

Жестоки судири избија во четвртокот во повеќе француски градови во кои има тешко повредени и десетици уапсени на протестите во кои учествувале најмалку 170.000 работници и студенти против предложениот закон за труд, пренесува „Раша тудеј”.

Министерот за внатрешни работи Бернар Kазнев информира дека се повредени 24 припадници на безбедносните сили, меѓу кои тројца потешко, во судирите што ги предизвикала група насилници и во кои има повредени и меѓу демонстрантите. Уапсени се 124 лица, соопшти министерството.
Осудувајќи го непотребното насилство, претседателот на главниот студентски синдикат УНЕФ, Вилијам Мартине, изрази жалење поради „несоодветната примена на сила од полицијата”.
Речиси 170.000 луѓе, според проценките на властите, а околу 500.000 според проценките на синдикатите, учествувале во протестите во четириесетина града барајќи четврти пат во последните два месеца повлекување на законот, за кој истакнуваат дека е неприфатлив. Протестите беа исклучително насилни во Париз, каде што околу 300 маскирани демонстранти ги нападнале полицајците, тешко ранувајќи тројца од нив. Уништени се автомобили, автобуски станици и излози.
Одѕивот денес беше нешто помал од претходните, но противниците на новиот закон веќе го најавија традиционалниот првомајски собир, додека на 3 мај почнува расправата во парламентот за спорниот закон.

Останати вести