Живеење добро со Дијабетес Викторија во северните предградија на Мелбурн

Дијабетес Викторија ќе одржи информативен настан наречен Living Well with Diabetes Victoria во Епинг, во недела, на 17 јуни 2018 година. Настанот ќе се одржи во рецепцијата Manor on High.

Ќе има два одделни семинари, специјално приспособени за луѓето што живеат со дијабетес тип 1 или тип 2. Експерти ќе ги споделат своите знаења за тоа како да се контролира дијабетисот преку обезбедување на многу практични совети. Присутните исто така ќе имаат можност да се поврзат со локалните сервиси за дијабетес и групи за поддршка и доставувачи на производи.
Настанот за тип 1 дијабетис ќе вклучува сесии за најновите истражувања и технологија, емоционално здравје, менаџмент на тип 1 дијабетис, како да се постигнат целите со вежбање. Презентацијата за дијабетис од тип 2 ќе се фокусира на спровување со тип 2, совети за инкорпорирање на вежбањето во секојдневниот живот, следење на гликозата во крвта и диететичар со презентирање на вашите омилени прехранбени производи.
„Повеќе од 320.000 жители на Викторија живеат со тивкиот убиец наречен дијабетес, од македонската заедница многумина страдаат од оваа болест, така што постои зголемена потреба да се обезбедат стручни совети за тоа како подобро да се живее со оваа состојба”, вели извршниот директор на Дијабетес Викторија, Крег Бенет. „Ние слушавме повратни информации за потребата да ги донесеме нашите настани во северните предградија, со цел подобро да се поврземе и да ги поддржиме луѓето што живеат со дијабетес”.
Во моментов има над 12.000 луѓе кои живеат со дијабетес во областа на општина Витлси, кои се регистрирани во Националната шема за дијабетес услуги. Огромното мнозинство (88 проценти) живеат со дијабетес тип 2 – 7,5 проценти живеат со дијабетес тип 1.
Секој ден, повеќе од 80 луѓе во Викторија се дијагностицирани со дијабетес и, од нив, огромното мнозинство развило дијабетес тип 2. Исто така е загрижувачко, што секои четири луѓе во Викторија на возраст над 25 години на некој начин директно се афектирани од оваа сериозна хронична состојба, што може да предизвика многу долгорочни здравствени компликации.

Детали за настанот:
Тип 1 сесија:
8:00-14:30, недела 17 јуни 2018 година
The Manor on High, 519 High Street, Epping 3076
Бесплатно за членови на Дијабетес Викторија; $ 20 за не-членови и гости; 15 долари за оние што ќе се пријават до петок 8 јуни.
Резервации вклучуваат утрински чај, ручек и освежување.
Теми за настанот за дијабетис од тип 1 вклучуваат:
– Назад кон основата и добивање на најмногу корист од вашиот инсулин;
– Дијабетис тип 1 и вежби;
– Емоционалните аспекти на живеењето со дијабетес тип 1;
– Дали протеините и мастите се бројат ?;
– Ажурирање на најновите истражувања и технологии од тип 1; и
– Разбирање на ефектите од вежбањето и прилагодување на третманот.
Сесија за дијабетис од тип 2:
8:00-13:00 или од 13:00-17:00, недела 17 јуни 2018 година
The Manor on High, 519 High Street, Epping 3076
Бесплатно за членови на Дијабетес Викторија; $ 20 за не-членови и гости; 15 долари за оние што ќе се пријават до петок 8 јуни.
Резервации вклучуваат утрински чај, ручек и освежување.
Темите за настанот за дијабетис од тип 2 вклучуваат:
– Менаџмент на дијабетесот;
– Како да се вклопи во вежбањето во секојдневниот живот;
–Вашите омилени прехранбени производи; и
– Следење на гликозата во крвта.
За повеќе информации: Jane Kneebone 0416 148 845 или на имаил: jkneebone@diabetesvic.org.au

Останати вести