Змија „приземјила„ авион

Поради мала мандаринска глувчешка змија, долга 20 сантиметри, авионот на австралиската компанија „Квантас„ бил принуден да остане на аеродром.

Наместо да полета за Токио, авионот останал на пистата за експертите детално да го прегледаат и пребараат леталото.-Змијата беше однесена во карантин за да се утврди од каде дошла- рече портпаролката на „Квантас„.

Екипажот на авионот ја нашол змијата во патничкиот дел на боингот 747, додека патниците влегувале во него.

Сите 370 патници биле сместени во хотели за да бидат пренесени во Јапонија со друго летало, затоа што авионот во кој била пронајдена змијата мора да биде детално прегледан. Ова е втор инцидент со змија годинава во оваа авио компанија. Во јануари во еден нивен авион беше пронајден три метри долг питон.

Останати вести