Мајка пронашла змија отровница во кутијата за ручек на својот син

Човек кој се занимава со ловење змии кажува дека е нормално во овој период од годината да излегуваат змиите, но сите повици кои тој ги добива се поврзани со еден ист вид.

Една мајка од Австралија пронашла змија отровница во кутијата за ручек на својот син. Мајката го подготвувала детето за да го однесе на училиште кога забележала змија околу капакот на кутијата, пишува Newsweek.
Според кажувањата на Роли Барел, човекот кој лови змии, змиите сакаат затворени простои каде што се чувствуваат сигурно.
“Не ја забележала змијата веднаш, дури откако ја спакувала половина ужина. Го затворила капакот и тогаш не повика” кажува Барел.
Спороред неговото кажување нормално е во овој период од годината да излегуваат змиите, но сите повици кои тој ги добива се поврзани со еден ист вид.
Добиваме по 50-60 повици дневно и сите се поврзани со млада браон змија – кажува тој.

Останати вести