Австралиска “зомби” жаба – наука или лудост?

“Platipus” жабите ги проголтуваат нивните јајца по положувањето, ги оставаат да се развијат шест недели – јајцата се инкубираат во стомакот – техника позната како “гастролошко одгледување” – нешто слично како во филмот “Осмиот патник”.

 

Само што бебињата се сосема безопасни и не илегуваат преку гради или стомак, едноставно на свет излегуваат преку уста. Јајцата се развиваат во супстанцијата (простагландин) кој го спречува влијанието на киселината и на тој начин им овозможува на ембрионите да се развијат правилно.

До 1983 година овие жаби се целосно истребени, а причината за тоа се уште не е позната (научниците веруваат дека луѓето не се заслужни за истребувањето).

Порталот “Popular Science” го објаснува процесот на клонирање наречен “Проектот Лазар” (Lazarus Project), кој бил изведен на Универзитетот во Њукасел во Австралија, каде што овие жаби и живееле во источниот дел на континентот. Прво е избрана соодветна “модерна” жаба (Mixophyes fasciolatus), нејзините јајца се неутрализирани, а потоа се заменуваат со јајца кои се извлечени од “gastric-brooding” жаба, децении порано и кои се чувани на ниски температури во обичен “домашен” замрзнувач. Ембрионите не ја издржале почетната клеточната делба, но научниците веруваат дека клонирањето сега е повеќе “технички, отколку биолошки проблем.”

Нема причина за страв, наскоро австралиските “зомби” жаби ќе можат повторно да ги “повраќаат” нивните бебиња и да скокаат низ светот …

Останати вести