Новинарот Зоран Божиновски, кој е еден од обвинетите во случајот “Шпион”, во четвртокот доцна вечерта беше екстрадиран од Србија во Македонија по меѓународна потерница издадена на 19 ноември 2013 година.
Ден претходно тој бил уапсен вчера во Нови Сад.
На Божиновски Кривичниот суд во Скопје и тој веќе е спроведен во затворот „Шутка” на издржување на мерката притвор.
Божиновски е осомничен во случајот „Шпион”, кој падна на Апелација и сега е на повторно судење во првостепена постапка. Постапката за Божиновски беше раздвоена поради тоа што им беше недостапен на органите на прогон. Тој се товари дека ги сторил делата: злосторничко здружување и уцена.
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое го води предметот „Шпион”, велат дека постапката за Божиновски се води по стариот Закон за кривична постапка.
Божиновски од 2013 година е во бегство во Србија. Тој истата година беше уапсен во Нови Сад, но тамошниот суд ја усвои неговата жалба, по што тој го напушти екстрадициониот притвор каде што помина 11 месеци, со обврска да се јавува во тамошната полициска станица на секои 15 дена. Како гаранција дека нема да ја напушти земјата, му беше одземена и патната исправа.