Резултатите од неколку студии покажаа дека околу 20 отсто од децата влегуваат во пубертет на 8 години!
Акни, влакна, зајакнато потење и раст на градите се само некои од симптомите, кои девојчињата ги имаат кога ќе влезат во пубертет. Овие симптоми вообичаено се јавуваат од десет до 12 години, а изминатите години евидентно е дека децата се порано влегуват во пубертет.
Предвремен развој постоел и порано, но сега се претвори во масовна појава и е почеста кај девојчињата.
До физички и психички промени во организмот доаѓа поради хормоните. Резултатите од неколку студии покажаа дека околу 20 отсто од децата влегле во пубертет на 8 години. Како причина за тоа научниците наведуваат три теории.
Најчесто тврдат дека во прашање е храната и козметичките производи, поточно хемикалиите кои им се додаваат за да траат повеќе. Исто така виновници се и млекото и месото на животните, на кои им се вбризгува хормонот на раст за побрзо да напредуваат. Постои и мислење и дека преголемата дебелина кај децата е главен виновник за прераното созревање, бидејќи телото лачи повеќе хормони.
Една студија во САД покажа дека дури 60 отсто од дебелите девојчиња созреваат побрзо од своите врсници.
28 Oct 2026
26 Oct 2026