Полицијата во Мелбурн е обвинета за насилство во драматично апсење на жена поради кршење на рестрикциите воведни поради коронавирусот.
Лути граѓани тврдат дека полицијата турнала трудна жена обидувајќи се да се пресмета со друга жена која не сакала да им го даде своето име и презиме.
Полицијата изјави оти нејзините патроли на плажата во Алтон сретнале група луѓе кои не носеле маски, околу 18:15 часот попладне. Гласноговорничката на полицијата изјави дека оваа група луѓе станала агресивна кон полицијата, а кога тие и се обратиле на жена, која е уапсена, таа одбила да им ги даде своите податоци.
Полицијата изјави – „се спроведува понатамошна истрага за овој инцидент и други активности на плажата за да се осигураме оти нема да има понатамошни кршења на одредбите на главниот лекар и да адекватно да се казнува вакво прекршување”.
„Полицијата на Викторија ќе продолжи со проактивните патроли на јавните простори и нема да се двоуми за казнување на оние кои директно и немарно ги кршат одредбите” – изјави гласноговорничката на полицијата. Овој инцидент не е единствен а жителите на Мелбурн како што доаѓа потоплото време се прашуваат зошто сеуште е на сила правилото за дозволено одалечување од местото на живеење во радиус од 5 километри. Мелбурн е најдолго под карантин во светот и тоа сега кога дневно има под десет заразени со корона вирус дневно, од кои претежно се во старските домови и медицински персонал. За споредба во НЈВ се случува некогаш дневно да има и преку 12 случаи а животот таму е целосно вратен во нормалните граници.