Клучот на слабеењето би можел да се крие во цревата на човекот. Имено, ново истражување покажа дека некои луѓе имаат поголеми количини на бактерии во цревата, кои се клучни за диетите и вежбањето.
„Човечките црева се и понатаму мистерија. Можат да делуваат на се, од имунитет, до мозочни активности и секоја личност има поинакви бактерии во цревата, но се уште не можеме да сфатиме како тие бактерии му делуваат на поединецот”, пишува „Daily Mail”.
Сега научници од клиниката Мајо, открија дека некои луѓе имаат поголемо ниво на Phascolarctos бактерии, за кои се чини дека се важни за слабеењето.
„Некои луѓе слабеат побавно и покрај калорискиот дефицит и зголемената физичка активност”, вели коавторот на истражувањето и гастроентеролог Пурна Касијап.
Тимот на Пурна во клиниката Мајо, се обиде да открие дали постојат фактори кои влијаат на тоа за некои лица побавно да реагираат на традиционалните методи на слабеењето, во споредба со други.
„Бактериите во цревата имаат способност за уништување на сложените честички во храната, која ни дава дополнителна енергија. Тоа е нормално и добро. Но, кај некои тој процес може да предизвика проблеми, доколку станува збор за недостаток на одредена бактерија”, вели докторка од клиниката Мајо, Вандана Нехра.
Во рамките на истражувањето, анализирани се и примероци од цревни бактерии, кај 26 лица, кои се лекуваа на клиниката во Мајо, поради вишок на килограми. Откриено е дека кај оние кои не загубиле тежина, нивото на бактерии било поинакво.
Бактериите од родот Phascolarctos, на тој начин, според донесениот заклучок, се поврзани со успех при губење на килограми, додека бактериите од родот Dialister, се поврзани со тешкотии при слабеењето.