Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј, во рамките на своите проекти, покарај другите програмски активности, редовно одржува информативни сесии/работилници на разни теми во врска со здравјето и службите за помош на членовите на македонската заедница.
Некои од тие теми, кои се посебно значајни за членовите на македонската заедница, ќе бидат објавени во нашите ценети и реномирани македонски весници. На овој начин би сакале да излеземе во пресрет на потребите на членовите на македонската заедница кои не се во состојба, од било која причина, да присуствуваат на сесиите.
Во ова издание ќе зборуваме за “Зошто постои генерациски јаз”.
Генерално, се смета дека една генерација е период од околу 25 години – од раѓањето на родителот до раѓањето на детето. Исто така, може да се прифати дека годишната разлика на една генерација во историјата била и околу 20 години кога луѓето создавале семејство на порана возраст, а и кога се очекувало животот да трае пократко.
Причини за генерацискиот јаз
Генерациски јаз е модерен феномен предизвикан со наглите промени во модерната ера. Напредокот во технологијата овозможи полесна комуникација меѓу културите и групите со различни идеи. Како помладите генерации растат, со напредокот и изложеноста на нови идеи и култури, тие се раздвојуваат од предходната генерација во однос на филозофијата и културата.
Стереотипот на конзервативни родители и слободоумни/либерални деца се резултат на јазот меѓу генерациите. Предходно, пред 1960тите, комуникацијата меѓу луѓето била ограничена. Помладите генерации растелепрвенствено под влијание на нивните родители, поблиската фамилија или нивните блиски соседи. Така да тие, ги продолжувале традициите и идеалите на постарата генерација. Но, во поново време, влијанијата на помладите генерацијии се зголемија со секое десетолетие. До времето на станување на возрасни луѓе тие доаѓаат во контакт со безбројни идеи и култури, кои влијаат на нивниот мисловен процес.
60тите години биле време на револуционарна промена која предизвикаламладите возрасни луѓе да прифатат однесување кое немало доверба во постарите генерациски материјалистички и традиционални вредности, посебно оние кои се однесувале на војната, сексот, религијата и човековите права. Генерацискиот јаз постоел одсекогаш помеѓу различни возрасни групи. Но, промените во општеството кои се појавиле, во 60тите години билепоназначени одколку оние во предходните периоди во историјата. На пример, земјоделскиот/фармерскиот животен стил во 1800те години не предизвикала промена во општеството толку брзо во споредба со понаглатапромена на општеството во последните години од 20тиот век.
Напредокот на технологијата и варијациите во моралните и религиозните верувања допринесоа младите генерации да имаат често различни погледи и верувања од нивните родители и постарите возрасни.
Зголемувањето на животниот век исто така допринесува до зголемување на разликите меѓу генерациите. Како што луѓето живеат подолго, нивниот работен век исто се зголемува. Како резултат на ова, се создаваат услови во кои работници во нивните 60ти и 70ти години ќе работат со помлади возрасни луѓе кои можеби имаат значителни разлики во интересите и вредностите.
Толкување на генерацискиот јаз
“Единствениот извор на знаењето е искуството.” – Albert Einstein
“Единствено будалите учат од своите грешки. Паметниот човек учи од грешките на другите” – Otto von Bismarck
Овие две изреки се кажани од двајца “големи” луѓе, но истите даваат различна слика на реалноста.
Првата изрека упатува на тоа дека единствено личното искуство е вистински извор на знаење. Никој не може да ја разбере болката или радоста освен ако вистински не ја доживее самиот лично. Доколку не пробаш да направиш нешто самиот, нема да си во состојба да го откриеш својот потенцијал.
Од друга страна, втората изрека, од Бизмарк, упатува на тоа дека ние треба да учиме од грешките на другите наместо да патиме самите, од правењето на истите грешки. Сепак, ако ние развиеме навика, секогаш, да учиме од грешките на другите, не можеме да имаме лично искуство во животот и не ќе можеме да добиеме вистинско знаење и престава за себеси и светот околу нас.
Базирано на овие две изреки, генерацискиот јаз помеѓу родителите и децата е последица на фактот дека родителите се соочиле со одредени искуствота во животот и без разлика што нивното знаење се базира на лично искуство тоа за нив претставува вистинско знаење. Да претпоставиме дека родителите се обиделе да станат уметници, но не успеале, иако вложиле многу труд. Од ова тие заклучиле дека не е возможно да се стане уметник. Тие развиле добра причина за ваквото сфаќање, на пример фаворизирање, протежирање, висок ризик за неуспех итн. Така да родителите ги советуваат своите деца да не ја прават истата грешка повторно.
На ист начин, ако родителите успеале во животот да постигнат нешто на одреден начин, тие можеби ќе сакаат нивните деца да го следат истиот пат на успех. На пример, ако родителите добиле добра и сигурна државна работа после завршување на факултет, тие може да ги советуваат своите деца да го направат истото за да имаат добар живот.
Родителите почнуваат да го практикуваат личното искуство како универзално знаење, што не секогаш е правилно, затоа што, некои луѓе успеваат да станат уметници и без да знаат некого кој ќе ги протежира, а исто така, некои, може да не успеат да најдат добра државна работа без некој да им помогне, иако завршиле факултет.
Ако нешто може да е успешно за една особа, можеби истото нема да биде успешно за некој друг затоа што луѓето имаат различни таленти или способност. Исто така,со преминот од една генерација во друга, времињата се промениле, па во новото време се појавиле повеќе авантури и предизвици за кои родителите немаат ниту идеа ниту искуство. Така да родителите, можеби уплашени од непознатото, ги советуваат цвоите деца за да ги заштитат.
Децата немаат искуство во реалниот свет/живот, така да тие гледаат на животот во ново светло. Тие можеби се водени од искуството на нивните родители, но тие истотака се водени од искуството на другите луѓе и своите желби, таленти, и способности. Новите генерации сакаат да експериментираат со нивниот живот и да откриваат и креираат свои сопствени патеки.
Генерално, родителите ги сакаат своите деца толку многу така да не сакаат нивните деца да патат и да доживеат разочарувања од неуспехот. Тие сакаат нивните деца да бидат сигурни пратејќи го патот на родителите кој е веќе испробан.
Ваквата разлика во мислењата доведуваат до таканаречениот генерациски јаз.
Кое е влијанието на генерацискиот јаз
Генерацискиот јаз доведува до конфликт помеѓу родителите и децата. Понекогаш децата им даваат предност и ги пратат родителите за да го избегнат конфликтот, но некогаш децата ги искористуваат своите права да ги игнорираат родителските убедувања. Во било кој случај врската помеѓу генерациите е нарушена.
Како да се дојде до меѓусебно разбирање
Доколку родителите сфатат дека тоа што било добро за нив можеби нема да го има истиот ефект во животот на нивните деца, тие можеби нема да ги форсираат децата да го следат нивниот пат. Родителите и децата може да седнат заедно, да разговараат со меѓусебен респект и да слушнат за своите погледи, за да најдат заеднички пат насочен кон заедничко разбирање. Ваквиот пристап ќе ги содржи искуството на родителите и способностите и најновото стекнато знаење од децата. Ова ќе создаде момент кој ќе биде во корист и на родителите и на децата. И едните и другите ќе бидат среќни и исполнети со споделувањето на своите погледи и градење на меѓусебна доверба.
Некои од информациите се базирани на толкувањата на Авдеш Синг – писател
Лихнида Бахчанџиева – Тасеска
Project Coordinator