Во секој човек постои внатрешен телесен часовник кој го следи 24-часовниот циклус, познат како циркаден ритам, што значи дека го следи и ритамот на спиење, односно на будење.
Општо е познато дека ако во исто време одите на спиење и секое утро се будите во исто време, телото ќе стекне таква навика.
Циклусот на спиење го регулираат и одредени протеини, а нивото на будност влијае и на крвниот притисок и на отчукувањето на срцето.
Кога ќе го усогласите времето на спиење и будење, во телото нивото на протеини се зголемува кога ќе дојде времето за алармот да се огласи.
Количината на протеини започнува да расте еден час пред будењето, што претставува причина зошто понекогаш се будиме пред алармот.
Доколку пак го преспиете алармот, тоа значи дека не сте доволни наспиени или не спиете редовно.
Будењето во различни периоди може да го поремети внатрешниот ритам.
Оние кои секогаш во исто време си легнуваат и се будат ќе го прават тоа и за време на викенди поради што ќе се чувствуваат и поодморено.