Тоа што константно (петта година по ред) излегува дека е најубаво да се живее во Мелбурн, можеби има врска со уметноста, храната, кафето, музиката и слични работи.
Кристијан Бонето за Мелбурн вели дека е неприкосновено кул дете на Австралија, место опседнато со уметност, храна, кафе, независни книжарници и убави места за музички настани.
Мелбурн се опишува како град со енергија, софистицираност и иновации, а истовремено град на историја и културна разноликост.
„Необични танцувачки движења, посети од вонземјани, ретро уметност и фини оброци – сè ова и повеќе ве чека во Мелбурн”, забележува СиЕнЕн.
Улиците имаат музички имиња, како на пример ACDC Lane. Додека цел свет лудуваше по дигитално, Мелбурн стана престолнина на винилки – во градот (барем до 2011-та) имаше 50 продавници за плочи.
Да, во некои берберници се добива гратис пиво.
п.с.Сите сме посебно горди што Мелбурн и годинава е избран за град во кој е најпријатно да се живее, година кога според Economist Intelligence Unit многу други градови кикснале во однос на квалитетот на живот.