Жртви на политичките промени се партијата на Зелените и Зенофон

Австралијците им свртија грб на помалите партии и поединци во политиката кои се отфрлени на трите избори во последните три недели. Отфрлените жртви се Nick Xenophon, Jacqui Lambie, Cory Bernardi и Richard Di Natale.

Зелените не го освоија очекуваното место во изборната единица Batman во Викторија, исто така лошо поминаа и во Тасманија, а партиите во пад со високо профилирани лидери изневерија и во Јужна Австралија.
На изборите во 2016 година вкупно 51 партија има свои кандидати. Тие освоија четвртина од примарните гласови на Пратеничкиот дом кој инаку можеби би отишле во Лабуристичката или Либерално/националната коалиција.
Сега во 2018 година бирачите најмногу им свртија грб на големите партии и тоа во голем број. Иако бирачите исто така се скептични кога станува збор за големите партии и враќањето на лојалноста кон нив, постојат индикации дека повеќе сакаат стабилност и политичка сигурност која не ја носат помалите партии ниту поединците кои повеќе се занимваат со самопромоција отколку со политички расправии.
Минатата недела Xeno­phon им се обрати на спонзорите на SABest забавата по исцрпувачкиот ден на гласачките места. „Тука сме за да го размрдаме „монополот” кој го држат две партии. Ја размрдавме политиката во оваа држава како никогаш порано” – вели тој. Xenophon исто така им подели покани на лидерите на лабуристите и либералите во завршната расправа пред изборите во Јужна Австралија. Од нула стигна до ист број кандидати како и големите партии и имаше 30 SABest номинирани луѓе на изборите. Но кога Xenophon им зборуваше на спонзорите доцна во саботата навечер не ни знаеше дека на крајот нема да го освои ниту своето сенаторско место за кое се номинираше и дека кандидатите на SABest веројатно во финалното пребројување нема да имаат ниту еден избран кандидат.
Австралиската Конзервативна партија што ја основаше поранешниот сенатор од редовите на либералите, Cory Bernard, во Јужна Австралија немаше одек на изборите. Пред две недели и поранешната сенаторка Jacqui Lambie не се кандидираше на изборите во Тасманија но нејзината мрежа по името Мрежата на Jacqui Lambie имаше 12 кандидати. Бирачите целосно ја отфрлија и не одбраа ниту еден од нив. Од 25 пратеници одбрани во Долниот дом од пет изборни единици во кои се бираат повеќе кандидати, либералите добија 13, лабуристите 10, а зелените само два. Федералните последици на двата саботни избори се значајни. Изборната единица Batman во Викторија каде имаше предвремен избор за федералниот парламент јавноста ќе ја смета за поддршка на лидерот на опозицијата Бил Шортен и капацитетот на лабуристите да ги држат зелените под контрола. Ова исто така ќе се смета за храбар потег на Шортен да предложи политика која ќе удри на приходите на некои пензионери во неделата пред изборите во Batman. Исто така, ако во предвид се земат неговите коментари насочени кон оваа изборна единица Шортен сега е посветен на отфрлање на проектот за Аданиевиот рудник за јаглен во Квинсленд. Резултатите од државните избори во Јужна Австралија на прајминистерот Малколм Турнбул ќе му дадат уште еден пријател меѓу премиерите, либералниот Стив Маршал, тоа што е уште поважно ќе се отстрани противникот на Турнбул, лабуристот Џеј Ведерхил.
Министерот за енергија Џош Фриденберг изјави дека исходот од изборите во Јужна Австралија е „многу добар” за владината национална енергетска политика. Џеј Ведерхил се судри со федералната влада поврзано за политиката на приоритетите за обновливите извори на енергија и два големи енергетски проекти.

Останати вести