Авионот морал принудно да слета два пати:Тепачка на лет од Кернс до Дарвин

Повеќе луѓе се степале минатиот четврток на летот од Кернс до Дарвин, над Карпентарискиот Залив. Како резултат на тепачката некој го скршил прозорецот и авионот морал да изврши две принудни слетувања.

Уапсени се четири лица.

Откако избила првата тепачка меѓу патниците на летот, авионот принудно слетал во Кернс, а жената која го предизвикала инцидентот била уапсена за физички напад, непристојно однесување и непочитување на безбедносните упатства.

Авионот потоа повторно полетал, но групата патници кои учествувале во првата тепачка повторно почнале да се расправаат, па повторно избила тепачка. Авионот принудно слетал повторно, овој пат во Алиангула, на островот Грот Ејландт, каде полицијата уапсила уште тројца патници.

Маж (23) и жена (23) се обвинети за загрозување на безбедноста на други лица, напад на друго лице, нанесување штета на туѓ имот, недолично однесување на јавно место и кршење на законот за семејно насилство, додека другата жена (22 ) е обвинета и за шверц на дрога, попречување на работата на полициските службеници и алкохолизираност.

Останати вести