Одличен настап и прва победа во групата за Престон Македонија, која на гостувањето кај НВС Спирит во Сиднеј славеше со 3:1.
Навивачите на „лавовите“ повторно беа на висина на задачата со бројна поддршка пристигната од Мелбурн, а тука беше и голем дел од македонската заедница во Сиднеј што на трибините создаде фантастична атмосфера.
Херој на натпреварот беше Џејсон Ромеро, кој со два погодока (во 18-та и 33-та минута) донесе сигурна предност за “лавовите“. Третиот гол за Престон Македонија го постигна Брендон Лаутон во 88-та минута, а домаќините само успеаја да го ублажат поразот преку Сајмон Николас во 92-та минута (1:3).
Следниот предизвик за „лавовите“ е домашниот натпревар против Канбера Кроација, кој ќе се одигра во недела, на 9 ноември, со почеток во 15:00 часот.
ТАБЕЛА
ГРУПА Ц
Аводнаел 8
Престон Македонија 5
НВС Спирит 5
Канбера Кроација 3