Актерката Ребел Вилсон веќе не ја крие лезбејската врска

Австралиската актерка Ребел Вилсон  откри дека има девојка и дека веќе неколку месеци е во врска со Рамона Агрумa. Рамона е дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот “Lemon Ve Limon“. Пред неа актерката беше во врска со Џејкоб Буш, а нивната врска почна непосредно пред короната. Иако Ребел тврдеше дека е заљубена, таа врска не траеше долго.

„Мислев дека го барам мојот принц од филмовите на Дизни. Но, можеби она што цело време ми требало била принцеза“, рече актерката.

Откако Ребел призна дека има девојка, познат австралиски магазин објави дека тие ја имале веста спремна, па актерката  решила да открие самата дека е во лезбејска врска.

Ребел и Рамона изминатите неколку месеци често се појавуваа заедно на јавни настани, но луѓето мислеа дека тие се само добри пријателки. Двете дами заедно прошетаа и на црвениот тепих во март на забавата на „Венити фер“ за оскарите.

Останати вести