Карлос Алкараз направи голем успех и ја освои титулата во Мадрид. На патот до трофејот младиот шпански тенисер ги победи: Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев.
Талентираниот Шпанец, и покрај импресивната серија резултати, смета дека Ѓоковиќ останува на врвот меѓу тенисерите.
– Најдобар во светот и натаму останува Новак. Тоа што ги освоив Барселона и Мадрид не менува ништо во тоа. Јас сум број шест во светот, па имам уште пет играчи пред мене и многу работа за да станам најдобар. Ќе продолжам да работам многу напорно за да стигнам во Париз во најдобра можна форма.
Би бил многу возбуден да се покажам добро таму, бидејќи тоа е првиот Грен слем во кој играв во третото коло и мислам дека одиграв на високо ниво минатата година. Тоа што ме сметаат за еден од фаворитите не ми прави притисок, туку мотивација да покажам дека можам да се натпреварувам за титулата. Довербата што ја стекнав оваа недела ќе ми помогне многу на тој турнир, вели 19-годишникот од Мурсија.
Алкараз направи скок меѓу најдобрите десет тенисери на светот. Неговата форма го прави втор фаворит за трофејот на Ролан Гарос, зад неприкосновениот Надал.
Сепак, објави дека нема да учествува на трурнирот во Рим оваа седмица. Сака да се одмори.