Апасиев до Мицкоски: Види друже, ние не сакаме тебе да те донесеме на власт, ние сакаме Левица да стане власт

Димитар Апасиев и Левица ја отфрлија поканата на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ за заедничка коалиција за соборување на СДСМ и ДУИ.

Апасиев го потсети ВМРО-ДПМНЕ дека две години постои забрана на ТВ “Алфа“ да кани гости од Левица а на порталите “Курир“, “Република“, “Нетпрес“ и слични со месеци се води валкана кампања против Апасиев (“пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата.

Одговорот на Апасиев до Мицкоски беше следниот:

“… И, кога после се идат анкетите пред локални гледа дека без Левица нема победа!? И, ај, си вика, на ова дечиштава ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?

Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ“ – одговори Апасиев.

Мицкоски возвратно изрази жалење што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата

– Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт.

Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт.

Останати вести