Арбен Фетаи именуванза специјален пратеник во ЕУ, силни реакции од опозицијата

Македонската Влада на 30 јули го назначи Арбен Фетаи за специјален пратеник на земјата во ЕУ, со седиште во Брисел. Фетаи до скоро беше вицепремиер за добро однесување во истата Влада, но бидејќи не е во добри односи со раководството на Вреди не беше во комбинација при реконструкцијата. Всушност тој престана да доаѓа на работа на крајот од февруари за официјално да биде разрешен во Собранието во мај. 

Очигледно оставил многу добар впечаток кај премиерот Мицкоски штом сака да го задржи на платниот список. Во официјалниот став за назначувањето од Владата стои: „Станува збор за лице кое активно работи на отворање можности за обезбедување финансиски средства и продлабочување на соработката со европските институции. Неговите обврски ќе опфаќаат претставување на државата и заштита на нејзините интереси во меѓународната комуникација, давање предлози и препораки до надлежните институции, промоција на резултатите од реформските процеси, идентификување на политички и дипломатски предизвици, зајакнување на позицијата и видливоста на државата во Брисел, остварување редовни средби со клучни носители на одлуки, дипломатско застапување на политиката на проширување и иницирање посети на високи претставници на Европската Унија во Скопје“.

И министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски има само пофални зборови:

– Арбен Фетаи е личност кој своето обрзовние го стекнал во Белгија. Не само што ги познава сите официјални јазици на Белгија, туку работел и бил ангажиран од различни и владини и невладини организации токму во Брисел. Има мрежа на контакти кои може да служаат во интерес на државата. Објективно гледано Арбен Фетаи има двојно држвјанство – македонско и белгиско. Ако немаше двојно, веројатно ќе беше идеален кандидат за наш амбасадор во ЕУ. За мене беше и одличен соработник во Владата. Лесно е да се критикува, но добро е да зборуваме и за фактите. Нам ни треба човек таму заради динамиката на активностите. Ќе ѝ служи на државата во овој специфичен период. Тој во својата биографија го исполнува профилот на личноста што ни треба таму, рече шефот на македонската дипломатија. Тој ги демантираше и тврдењата дека Фетаи како вицепремиер не доаѓал на работа како паушални и не се врз основа на точни информации.

Опозицијата рафално испрати критики за ова назначување. Повеќето забелешки беа дека ова е награда за човек кој не доаѓал на работа со месеци. Според Бујар Османи од ДУИ, пак, сега Македонија во Брисел создава паралелен канал со кој се поткопува државната Мисија и се отвора дилема кој ја застапува Македонија пред ЕУ. 

– Македонија има Постојана мисија при Европската Унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата Мисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања?, праша Османи.

Останати вести