Младиот талент Илаиш Мориба ќе ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг.
Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.
Барселона го острани Мориба од првиот тим, па мораше да го продаде бидејќи следното лето ќе го загуби без пари.
За него интерес покажаа неколку европски клубови, но Лајпциг ја доби битката за неговиот потпис.
Лајпциг за неговиот потпис ќе плати 15 милиони плус 2.5 милиони како бонуси.