Фудбалската федерација на Македонија го изработи распоредот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Познати се сите натпревари за првите два круга од натпреварувањето, додека стандардно за последниот трети се одредуваат во текот на сезоната.
Откако прво станаа познати дуелите за воведната рунда на ПМФЛ, сега е објавен и целосниот распоред. Второто коло ќе биде вистински спектакл, бидејќи има две дерби пресметки. Вардар ќе го дочека градскиот ривал Шкупи, додека во Тетово се игра натпреварот меѓу Шкендија и Струга Трим Љум.
