БИТОЛСКОТО СОЦИЈАЛНО ДРУШТВО „АЛЕКСАНДАР ТУРУНЏЕВ“ ОД МЕЛБУРН НА МИТРОВДЕНСКА ПРОСЛАВА ВО АДЕЛАИД

Минатиот викенд, Битолското социјално друштво „Александар Турунџев“ од Мелбурн организираше посета на Аделаид, каде што ги пречекаа домаќините од Македонска заедница на Аделаид и Јужна Австралија, по повод одбележувањето на традиционалната Митровденска забава.

За време на престојот во Аделаид, членовите на друштвото ја посетија и македонската православна црква „Свети Наум Охридски“ во Фајндон, каде што оддадоа почит и запалија свеќи, во духот на верата, традицијата и почитта кон духовните корени.

Вечерта продолжи во празнична и весела атмосфера, со одржувањето на Митровденската забава, исполнета со македонска музика, оро, песна и дружење.  

Од друштвото изразија голема благодарност до домаќините од Македонска заедница на Аделаид и Јужна Австралија, за топлото гостопримство и убавото дружење.

Останати вести