Борис Бекер оди во затвор поради затајување данок

Шесткратниот Грен слем победник Борис Бекер (54) е осуден на две и пол години затвор, јави “Би-Би-Си“.

Причината поради која легендарниот германски тенисер мора да оди во затвор е обидот да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови. “Скај Спорт“ вели дека половина од тоа време ќе помине во затвор – една година и три месеци.

Бекер (54) на прелиминарното рочиште се изјасни за невин. Судијката Дебора Тејлор ѝ порача на поротата да ги остави настрана сите предрасуди и да ја игнорира славата на Бекер. Високиот суд во Лондон го прогласи Бекер за банкрот на 21 јуни 2017 година на барање на банката, а според договорот тој требало да го открие целиот свој имот. Долговите на трикратниот шампион на Вимблдон во времето на банкрот биле проценети на 50 милиони фунти.

Иако личниот банкрот во Англија обично може да заврши во рок од 12 месеци, постапката оттогаш е во тек. Бекер е обвинет по четири точки. Против него е поднесена кривична пријава за вкупно 24 обвиненија.

Во 1985 година, на само 17 години, Бекер се појави на светската спортска сцена и стана најмладиот победник на Вимблдон. Успешно ја одбрани титулата следната година во пресметка со Иван Лендл, тогаш најдобриот тенисер на светот.

Во 1989 година, Бекер го освои својот трет Вимблдон, а неколку месеци подоцна и УС Опен. Во 1991 година првпат го освои Австралија опен, а вторпат во 1996 година. Тој се пензионираше три години подоцна, откако освои 49 трофеи.

Во 2002 година, судот во Минхен го осуди на две години условно и парична казна од 500.000 евра за даночно затајување од околу 1,7 милиони евра.

Поранешниот играч имаше правни проблеми и во Шпанија, поради неплатени долгови поврзани со работите на неговата вила на Мајорка и со швајцарското правосудство поради тоа што не му платил на свештеникот во 2009 година.

Останати вести