Бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“
е избришан од Централниот регистар

Централниот регистар на Македонија објави дека бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ повеќе не постои, избриушан е од списокот на регистрирани здруженија во земјата.

Клубот е избришан од Централниот регистар откако Министерството за правда одлучи дека името на клубот ги повредува националните чувства на Македонците.

Од Централен регистар велат дека клубот пропуштил да го усогласи името согласно со измените во Законот за здруженија и фондации. Со нив се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, ширење и поддршка, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Владиното консултативно тело треба да се заседава овва недела и за вториот спорен клуб во Охрид кој го носи името „Цар Борис Трети“. Двете здруженија не ги променија имињата во рокот кој им беше даден согласно законот. Битолскиот клуб најави дека правдата ќе ја бара во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Се повикува на тоа што таму веќе има една пресуда од 2009 во полза на здружението на Бугарите во Македонија “Радко“ (еден од псевдонимите на Иван Михајлов Гаврилов) со образложение на Судот дека тоа име не може да претставува пречка за регистрација.

Бугарските власти налутени

По повод бришењето на “Ванчо Михајлов“ пристигнаа остри реакции од Софија. Бугарскиот претседател Румен Радев вели тоа немало да ја промени реалноста, дека во Македонија имало македонски Бугари. Вели нема да се откажат од барањето Бугарите да бидат впишани во македонскиот Устав, потенцирајќи дека тоа е дел од преговарачката рамка и од овие измени зависи европската иднина на Македонија.

И бугарското МНР се закани дека за бришењето на бугарското здружение ќе ги известат партнерите во Европската комисија. Одлуката ја оценија како срамно однесување на македонските власти.

Шефот на македонската диплматија не сака да се впушта во коментари пред да се одржат изборите во Бугарија.

Останати вести