Викториска премиер лига, 3 коло, Престон Македонија – Вестерн Јунајтед 2:1

Прва победа остварена во третото коло, што е особено важна бидејки доаѓа после тежок почеток на сезоната. Фудбалерите влегоа во натпреварот со посебна желба и енергија да се покажат пред домашната публика на стадионот во Резерво. Подмладокот на Вестерн Јунајтед се покажа како солиден тим кој во првото полувреме имаше неколку добри шанси пред голот на Метју Сајмс.

За првиот гол се чекаше до 58 минута кога на една дофрлена топка во шеснаесетникотдо ветеранот Конор Бел, кој извонредно се снајде и ја затресе мрежата за 1:0.

Поминаа шест минути и по слободниот удар од левата страна Арон Андерсон скокна највисоко во казнениот простор и со глава ја испрати топката во голот за 2:0.

Играта добиваше на интензитет и се редеа шанси пред двата гола, а извонреден беше голманот Сајмс кој одбрани еден удар од непосредна близина.

Во последните моменти од средбата Сами Диб го постигна единствениот гол за гостите и конечните 2:1.

Во екипата на Вестерн Јунајтед има доста играчи со македонско потекло кои имаат голем потенцијал и наскоро ќе ги видиме и во А–лигата како: Зак Лисолајски, Ноа Спасески, Лукас Тренковски и Џејк Најдовски.

Во петок, на 1 март, Престон Македонија ја пречекува екипата на Норткот Сити со почеток во 20:30 часот.

Останати вести