Вингегор победи на Тур д’Франс

Во неделата на традиционален начин на Шанзелизе во Париз заврши 109. издание на најпрестижната велосипедска трка во светот, Тур де Франс. И пред почетокот на последната етапа се знаеше дека победник на трката е 25-годишниот Данец Јонас Вингегор кој мирно стигна до целта и не ризикуваше апсолутно ништо. Последната етапа му припадна на Белгиецот Јаспер Филипсен.

Последната, 21. етапа беше долга 115 километри и започна во близина на париската арена „Ла Дефaнс“. Времето кое Филипсен славеше во спринтот беше два часа, 58 минути и 32 секунди. Зад него се пласираа Гренвеген и Кристоф.

Ова беше втора етапна победа за 24-годишниот Филипсен на траката, а претходно освои три етапи на Вуелта.

На крајот, Вингегор победи во генералниот пласман со време од 79 часа 33 минути и 20 секунди, две минути и 43 секунди покусо од второпласираниот Словенец Тадеј Погачар.

Трет во генералниот пласман е Британецот Герајнт Томас, а меѓу првите десет се и Гауду, Власов, Кинтана, Барде, Мајнтјес, Луценко и Јејтс.

Останати вести