Владата на Албанезе се согласи да им исплати рекорднa oтштета на жртвите од „Robodebt“

Австралиската влада соопшти дека се согласила да исплати дополнителни 475 милиони австралиски долари отштета на жртвите од нелегалната програма за наплата на долгот од социјална помош, што доколку биде одобрено од судовите, ќе биде најголемата исплата на групна тужба во историјата на земјата. 

Програмата, позната како „Robodebt“, во времето на владата на Малколм Трнбул, ги бркаше стотици илјади корисници на социјална помош за лажни долгови пресметани со погрешен автоматизиран алгоритам помеѓу 2016 и 2019 година, сè додека судот не ја прогласи за нелегална. Истрагата на владината кралска комисија откри дека „Robodebt“ ги турнал ранливите луѓе во дополнителни долгови и предизвикал повеќекратни самоубиства. Најновата спогодба ги зголемува вкупните трошоци за отплата и компензација на владата на 2,4 милијарди австралиски долари и го завршува еден од најлошите скандали на јавната администрација во Австралија.

Жртвите на „Рободебт“ и адвокатската канцеларија „Гордон Лигал“ првично поднесоа колективна тужба во 2019 година. Владата го реши случајот во 2020 година, согласувајќи се да плати повеќе од 720 милиони долари незаконски наплатени долгови, 400 милиони долари незаконски побарувања и 112 милиони долари отштета на 400.000 луѓе. Тужителите поднесоа жалба на случајот откако беа откриени нови докази за време на владината истрага. „Решението за ова барање е праведно и фер нешто што треба да се направи“, изјави главната обвинителка Мишел Роуланд во четвртокот. Во соопштението се вели дека доколку судовите одобрат надоместокот, тоа ќе биде најголемата групна тужба во историјата на Австралија. 

Питер Гордон, виш партнер и основач на „Гордон Лигал“, ја поздрави спогодбата, која би можела да достигне 548 милиони долари, заедно со правните и административните трошоци. „Денес е ден на правда и потврда за стотици илјади Австралијанци афектирани од скандалот со Рободебт“, им рече тој на новинарите.

Фелисити Батон, жртва на Robodebt и една од водечките апликанти, рече дека победата има „горчлива сладост за луѓето на кои им се случи  непоправлива штета“ како резултат на шемата. Програмата „Рободебт“ беше дизајнирана да се осигури дека корисниците на социјална помош нема да пријавуваат помалку приходи и да примаат повеќе владини исплати. Но, компјутерските алгоритми за шемата погрешно пресметале дека стотици илјади Австралијанци должат пари и, со малку или без никаков човечки надзор, сурово наплатиле 1,76 милијарди австралиски долари. Рободебт е голем неуспех на јавната администрација, „суров и зол механизам, ниту фер ниту легален“, што направи многу луѓе да се чувствуваат како криминалци и предизвика најмалку три самоубиства, покажа владината истрага. 

Останати вести