Општина Штип му приреди свечен пречек на европскиот шампион во борење, нартурализираниот Владимир Егоров кој минатата седмица на Европското првенство во Будимпешта (Унгарија), го освои златниот медал во категоријата до 57 килограми.

„Штип е единствениот град во Република Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Штип Иван Јорданов.
