Двајца настрадани и дваесетина повредени во застрашувачките пожари кои ја зафатија Грција последните денови особено во нејзините јужни делови. Едниот од настраданите бил волонтер врз кого се срушил електричен столб а другиот бил пожарникар. И натаму активни се околу 154 пожари а шест области се означени како области со висок ризик од кои населението се евакуира.
Најактивни се пожарите на север од Атина, а временските услови не им одат во прилог на противпожарните и спасувачките екипи , поради силните ветрови и високите температури.
Евакуирани се илјадници луѓе, а изгорени се куќи, автомобили, компании. Најсериозна е состојбата на Евиа и во Олимпија. Во Грција по три децении ова е најдолг топлотен бран што ја зафатил земјата. Европските официјални лица сметаат дека најголем број од пожарите во Медитеранскиот дел на Европа и јужниот Балкан се должат на климатските промени.