ВО МПЦО „СВЕТА НЕДЕЛА“ ВО ГОЛД КОСТ: ПРВИОТ ДЕТСКИ ЧАС ВО НЕДЕЛНОТО УЧИЛИШТЕ

Минатата седмица по неделната литургија во МПЦО „Света Недела“ во Голд Кост се оддржа првиот детски час. На часот присуствува повеќе деца, а се говореше за значењето на свеќите и молитвата во православната традиција.

Од црковната општина изјавија дека  детско училиште ќе биде радосно и грижливо место каде што децата ќе растат со верата, ќе стекнуваат пријателства и ќе ја запознаваат Божјата љубов.

Часовите ќе се одржуваат секоја недела после Божествената Литургија – 10:30 часот, и добредојдени се деца од сите возрасти.

Останати вести