Неопходна и беше победата на Лајло Јунајтед на гостувањето за да се одлепи од долниот дел на табелата каде дури пет екипи се во опасната зона со сличен број на бодови. Домаќинот прв постигна гол во 42 минута преку Антониадис за 1:0. Сепак радоста на кипарскиот клуб беше кратка бидејќи во 45 минута Џејмс Димитровски изедначи на 1:1.
Во вториот дел се редеа головите на Амир Абдала во 47` и Турхан Сумбул 68 и 74 минута за коначените 1:4. Сега Слога е на 8 место со 11 бода и потребно е и понатаму да се освојуваат бодови за со сигурност да се дочека крајот на сезоната.
Во сабота, на 10 јуни, Лајло Слога ја пречекува екипата на Алтона Норт со почеток во 15 часот.