Доминантна игра на Слога од почеток до крај на средба која имаше исклучително значење, и доколку резултатот беше спротивен гостите ќе го преземеа местото на нашиот клуб на табелата. Сега Лајло Слога е на осмото место но сеуште нема простор за опуштање бидејки мала е разликата со последните екипи кои ќе се борат за опстанок. Мрежата на Алтона Норт ја искинаа головите на: Димовски 2, Шинкура 5, Абдала 22 и 49 минута, Омобоје 28(пенал), и Салиевски во 56 и 81 минута. Гостите единствениот гол го постигнаа преку Страсер во 44 минута.
Во сабота, на 17 јуни, Лајло Слога гостува кај Хоперс Кросинг со почеток во 15 часот.