Забележан е уште еден пораз на екипата на Лајло Слога кој треба да загрижува, посебно што разликата од осмото место до последното е многу мала. Домаќинот ја реши средбата постигнувајќи по еден гол во двете полувремиња преку Маскат во 20` и Едвард во 57 минута. Единствениот погодок за Слога дојде преку Амар Абдала во 80 минута за 2:1.
Во сабота, на 24 јуни, Слога гостува кај Вестваел Олимпик со почеток во 15 часот.