Втора државна лига на Викторија, 14 коло, Вестваел Олимпик – Лајло Јунајтед Слога 3:1

Почетокот беше надежен за Лајло Јунајтед Слога кога Нам постигна гол во 4 минута за водство од 0:1. Но потоа домаќинот направи пресврт со два брзи гола на Бонсу–Маро во 29 и 36 минута за 2:1.
Во второто полувреме многу нервозна игра со десет жолти картони, а со црвен картон беа испратени на туширање Фаруџа и Димитровски со што екипата остана со девет играчи на теренот. Следеше уште еден гол за Олимпик во 80 минута преку Чарлс за конечните 3:1.
Во сабота, на 1 јули, Лајло Слога ја пречекува екипата на Албион Роверс со почеток во 15 часот.

Останати вести