Минимална победа која донесе три нови бодови за Слога. На почеток од средбата стрелец на единствениот гол беше Ајодеџи Омбоје во 6 минута. Гостите во вториот дел останаа со играч помалку кога во 77 минута Лукас Маскат го доби вториот жолт картон и автоматско исклучување.
Во сабота, на 1 април, Лајло Слога ја пречекува екипата на Вестваел Олимпик со почеток во 15 часот.