Резултат од кој треба да се среќни фудбалерите на Слога, посебно што домаќинот играше со играч помалку од шестата минута. Лајло Слога прва дојде до водство од досудениот пенал, а стрелец беше Сумбил во 7 минута за 0:1. Пред крај на првиот дел Албион изедначи преку Дохерти во 45 минута.
Во второто полувреме Шинкура донесе ново водство во 66 минута за 1:2. Сепак домаќинот не дозволи да му избегаат бодовите и во 78 преку Тахир изедначи на 2:2.
Во сабота, на 22 април, Лајло Јунајтед ја пречекува екипата на Алтона Ист Феникс со почеток во 15 часот.