Втора државна лига на Викторија, 9 коло, Епинг Сити –Лајло Јунајтед Слога 2:3

Тесна победа на Слога над екипа која е на дното од табелата и кандидат за испаѓање. Сепак Епинг Сити прв дојде до водство во 7 минута со голот на Сурас. Во последните минути од првиот дел Ајодеџи Омобоје изедначи на 1:1.
Во второто полувреме следеа головите на Киерен Фаругиа во 59`, и Вохјун Нам во 64 минута за 1:3. Домаќинот успеа да го ублажи поразот преку пенал во 84 минута, а стрелец беше Кирсану за конечните 2:3.
Во сабота, на 27 мај, Лајло Слога ја пречекува екипата на Вестерн Сабрбс со почеток во 15 часот.

Останати вести