Втора државна лига на Нов Јужен Велс, 21-во коло, Сиднеј Македонија – Бенкстаун Јунајтед 2 :1

Дерби натпреварите секогаш се интересни и возбудливи како за актерите на теренот така и за присутните на трибините.

Поради премногу церемонии пред натпреварот домашните фудбалери како да беа занесени, а тоа го искористи противникот и за нијанса беше подобар, а згора на тоа создадоа неколку шанси за гол но благодарение на голманот Фернанде резултатот во првите 45 минути остана непроменет.

Ретко се случува еден фудбалер на два натпревари за пет минути (во второ полувреме) да постигне два голa, а токму тоа капитенот Тодороски го постигна и направи реприза од минатонеделниот натпревар.

Никола Тодороски популарен кај најмладите

Прв, во 56-та минута (откако беше проигран од Чавароли) со силен шут по земја го совлада голманот Брус, а во 60-тата минута Гроздановски беше фаулиран на работ на шеснаесетникот, а слободниот удар вешто го изведе Спурвај, па Тодороски (со глава) го постигна вториот гол.

Во 71-ва минута судијата Гарсиа (поради два жолти картони 53’/71’) го испрати на предвремено туширање противничкиот играч, Нието Рава.

На три минути пред крајот на натпреварот, Бакрданикоски направи евтин фаул, а судијата покажа на белата точка. Пеналот успешно го изведе Хамдаче.

На едно коло пред крајот на сезоната Сиднеј Македонија е на 4-то место на табелата со 37 бода.

Во сабота, на 6 август, Сиднеј Македонија гостува кај Дулвич Хил со почеток во 19 часот.

К.М.

Сите заслужуваат признание за успеџот на тимот

Останати вести