Поради временски причини на теренот имаше повеќе играчи отколку гледачи на трибината.
Фудбалерите на Сиднеј Македонија се претставија во бледо издание, без да створат некоја посериозна шанса за гол.
Се очекуваше противникот да биде “прегазен” меѓутоа лесно можеше да претрпат пораз.
Во првите 45 минути мрежите на Фернандез и Тохоуроглоу останаа незатресени.
Во 52 минута Микаел ја избегна офсајд “стапицата” и го совлада немоќниот Фернандез, за неочекувано водство на “магичните“.
На “покиснатите лавови” им “гореше” под нозете дека сигурните три бода ќе ги изгубат се до 82 минута откако Томиќ ги изведе ударот од корнер, а Спурвај успеа да го совлада искусниот Тохоуроглоу.
Во 90 минута, поради втор жолт картон, Моурси (Маџик) “заработи” црвен картон.
Во наредното 18-то коло Сиднеј Македонија ќе гостува кај лидерот на табелата, Интер Лајонс. Натпреварот се игра в сабота, на 9 јули, со почеток во 19:00 часот.
К.М.
