Втора државна лига на НЈВ, 13-то коло, ПИРАТИТЕ ОТПЛОВИЈА СО ТРИТЕ БОДА, Сиднеј Македонија – Централ Коаст Јунајтед 1:3

Фудбалерите на Сиднеј Македонија по се изгледа дека не се опоравија од минатонеделниот висок пораз (Ридалмер Лајонс – Сиднеј Македонија 6:2), а токму тоа го искористија “пиратите” и веќе во 12-тата минута со головите на Мекфарлајн (7’) и Свадлинг (12’) поведоа со два гола разлика, а за вториот гол е виновен голманот Фернандез кој не успеа да го оцени летот на топката, што го искористи брзиот Свадлинг.

Несфатливо беше како капитенот Тодороски во 34-та минута не успеа да постигне гол кога голманот беше совладан.

Во 63-тата минута “пиратите” предводени од капитенот Мекфарлајн (од слободен удар) го зголемија водството на 0:3, а само две минути подоцна Тодороски го изведе ударот од корнер, а Петрадос со одмерен удар го совлада противничкиот голман.

До крајот на натпреварот фудбалерите на Сиднеј Македонија се трудеа да извлечат барем еден бод, меѓутоа шансите што ги имаа остана неискористени.

По 13-тото коло Сиднеј Македонија со 21 бод се наоѓа на 4-то место на табелата, шест бода помалку од првопласираниот Интер Лајонс.

К.М.

Останати вести