Инер Вест Хокс иако игра добро ја има репутацијата на најнесреќниот тим во лигата, игра добро но има освоено само еден поен од првите четири средби. За нашиот тим оваа средба беше добар ден за кревање на моралот по разочарувачкиот пораз минатото коло од Кантербури Бенкстаун. Постигнати се четири гола и Сиднеј Македонија изгледаше доминантна посебно од корнерите при што беа постигнати двата гола по еден во двете полувремиња од Даниел Бакрданикоски и Џејмс МекКензи.
Со конфорна предност од два гола, капитенот Никол Тодоровски успеа да постигне убав гол со шут во горниот агол, што беше и негов трет погодок од исто толку натпревари. Домаќинот успеа да намали преку Марк Јоунс неколку минути подоцна. Додека конечниот резултат го постави Анте Томиќ во 83 минута за високи 1:4.
Во сабота, на 9 април, Сиднеј Македонија игра пред домашната публика на Џенсен парк, и ја пречекува екипата на Макартур Рамс со почеток во 19 часот.